Кошаркарскиот клуб „Младост“ и општина Битола, Македонија го организираат XII издание на Меѓународниот Велигденски кошаркарски турнир „БИТОЛА 2024“.
Котизацијата за учество е БЕСПЛАТНА. Можете да се пријавите најдоцна до 01.05.2024.
Кошаркарскиот клуб Младост во соработка со Општина Битола со гордост најавуваат дека по 12-ти пат ќе биде организиран традиционалниот Велигденски турнир. Овој настан, кој со години носи вистински кошаркарски дух во нашиот град, оваа година доаѓа со подобрена структура и организација, покажувајќи го растечкиот интерес и бројот на пријавени екипи.
За да се овозможи сите заинтересирани екипи да земат учество, турнирот ќе се одржи во два дела. Првиот дел ќе биде на 10-ти и 11-ти мај наменет за младите кошаркари и кошаркарки: момчиња родени во 2012 и 2013 година, девојчиња родени во 2010 и 2012 година, како и мешана категорија за момчиња и девојчиња родени во 2014, 2015 и 2016 година.
Вториот дел, предвиден за 17-ти и 18-ти мај, ќе биде посветен на ветераните во кошарката, со категории за мажи над 45 години и жени над 40 години. Оваа категорија нуди прекрасна можност за поранешни кошаркари да се вратат на теренот и повторно да го почувствуваат вистинскиот кошаркарски дух.
Учеството на турнирот е БЕСПЛАТНО, со цел да се охрабри и поддржи учеството на сите заинтересирани кошаркари и кошаркарки. Сите екипи кои сакаат да бидат дел од овој незаборавен настан можат да се пријават најдоцна до 01.05.2024.
Секој тим ќе одигра 3 натпревари (лига-систем).
Секој тим мора да донесе два комплети кошули за играње во две различни бои.
Секој тим мора да донесе свое државно знаме.
Секој играч мора да има валиден пасош кој мора да се прикаже на почетокот на секој натпревар заедно со списокот на сите играчи на тимот и официјални лица.
Битола е прекрасен антички македонски град и е втор по големина град во државата. Има многу да понуди, особено за љубителите на историјата и природата, како и за љубителите на спортот.
Спортски сали:
– „Д-р Јован Калаузи“ – училишен спорт – 500 гледачи, паркинг за автомобили и автобуси (5 мин. пешачење од центарот на градот);
– „Боро Чурлевски“ – градска спортска сала – 3000 гледачи; голем паркинг за автомобили и автобуси (5 мин. пешачење од центарот на градот);
-„Јосип Броз Тито“ – училишна спортска сала – 300 гледачи; уличен паркинг за автомобили и автобуси (10 мин. пешачење од центарот на градот);
– „Јане Сандански“ – 50 гледачи; уличен паркинг за автомобили и автобуси (5 мин. пешачење од центарот на градот).
Сместување:
– Хотел „Baroom“ 1/1, 1/2 и 1/3 соби (ноќевање со појадок – 20 евра од ноќевање)
– Хотел „Премиер Лавци“ 1/1, 1/2 и 1/3 соби (ноќевање со појадок – 20 евра од ноќ)
– Хотел „Премиер Центар“ 1/1, 1/2 и 1/3 соби (ноќевање со појадок – 20 евра од ноќевање)
Плаќање на рецепција на хотелот пред поаѓање.
Лице за контакт: Горјан Стојановски, мобилен/Вибер: +389 75 301 – 393;
e-mail: kkmladost97@yahoo.com