ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СМЕСТУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИОТ КОШАРКАРСКИ ТУРНИР „БИТОЛА 2025“

Со големо задоволство ве информираме за опциите за сместување за време на Велигденскиот кошаркарски турнир организиран од Кошаркарскиот клуб „Младост“ – Битола. Разбираме колку е важно да имате удобно и пријатно сместување за да може целосно да уживате во спортските настани и да се подготвите за натпреварите.

Затоа, во соработка со реномирани хотели и вили во градот, нудиме следниве опции за сместување:

Хотели:

  • Хотел „Капри“ – 2-креветна соба, ноќевање со појадок – 50 евра по ноќ
  • Хотел „Treff“
    • 1-креветна соба, ноќевање со појадок – 47 евра по ноќ
    • 2-креветна соба, ноќевање со појадок – 74 евра по ноќ
    • 3-креветна соба, ноќевање со појадок – 91 евра по ноќ

Вили и апартмани:

  • Вила „Дајмон“ – 2-креветна соба, ноќевање со појадок – 40 евра по ноќ
  • Апартман „Нестор“ – 2-креветна соба, ноќевање со појадок – 44 евра по ноќ

Резервација до 24.03.2025

За дополнителни информации и резервации, ве молиме контактирајте нè навреме за да обезбедите ваше место.