📢КК МЛАДОСТ започнува со тренинзи на 16.08 во 18 часот 🏀

📢 Ве информираме дека Кошаркарскиот клуб МЛАДОСТ ќе започне со своите тренинзи за новата сезона на 16ти август, среда. Тренингот ќе започне во 18 часот.

Традицијата на клубот продолжува, првиот тренинг ќе биде нешто сосема посебно. Ќе се собереме во Градски Парк Битола, а потоа ќе одиме до Тумбе Кафе, а од таму ќе продолжиме кон Смолево. Сигурни сме дека ќе биде уште еден незаборавен момент за сите нас!

Сакаме да ги поканиме сите деца и млади навивачи на кошарката да ни се придружат во оваа наша приказна. Сите сте добродојдени да се забавуваме заедно.

Ви ветуваме динамични тренинзи, многу игри и смеа, како и прилика да ги научите основните и напредните техники во кошарката. Нашата цел е да создадеме позитивна и стимулирачка атмосфера каде што ќе можеме заедно да развиваме кошаркарски вештини.

Носете шише вода и позитивна енергија!

Споделете ја веста и поканете ги вашите пријатели. Заедно да ја направиме оваа сезона незаборавна за КК МЛАДОСТ Битола! 🏀🥳

За сите дополнителни информации и прашања јавете се кај нашите тренери или пишете ни на нашата фејсбук страна! 

Share the Post: