Велигденски меѓународен турнир во Битола: Кошаркарска традиција која расте секоја година!

Кошаркарскиот клуб Младост во соработка со Општина Битола со гордост најавуваат дека по 12-ти пат ќе биде организиран традиционалниот Велигденски турнир. Овој настан, кој со години носи вистински кошаркарски дух во нашиот град, оваа година доаѓа со подобрена структура и организација, покажувајќи го растечкиот интерес и бројот на пријавени екипи.

За да се овозможи сите заинтересирани екипи да земат учество, турнирот ќе се одржи во два дела. Првиот дел ќе биде на 11-ти и 12-ти мај наменет за младите кошаркари и кошаркарки: момчиња родени во 2012 и 2013 година, девојчиња родени во 2011 и 2012 година, како и мешана категорија за момчиња и девојчиња родени во 2014, 2015 и 2016 година.

Вториот дел, предвиден за 17-ти и 18-ти мај, ќе биде посветен на ветераните во кошарката, со категории за мажи над 45 години и жени над 40 години. Оваа категорија нуди прекрасна можност за поранешни кошаркари да се вратат на теренот и повторно да го почувствуваат вистинскиот кошаркарски дух.

Учеството на турнирот е БЕСПЛАТНО, со цел да се охрабри и поддржи учеството на сите заинтересирани кошаркари и кошаркарки. Сите екипи кои сакаат да бидат дел од овој незаборавен настан можат да се пријават најдоцна до 01.05.2024.

Спортски сали:

– „Д-р Јован Калаузи“ – училишен спорт – 500 гледачи, паркинг за автомобили и автобуси (5 мин. пешачење од центарот на градот);

– „Боро Чурлевски“ – градска спортска сала – 3000 гледачи; голем паркинг за автомобили и автобуси (5 мин. пешачење од центарот на градот);

-„Јосип Броз Тито“ – училишна спортска сала – 300 гледачи; уличен паркинг за автомобили и автобуси (10 мин. пешачење од центарот на градот);

– „Јане Сандански“ – 50 гледачи; уличен паркинг за автомобили и автобуси (5 мин. пешачење од центарот на градот).

Лице за контакт: Горјан  Стојановски, мобилен/Вибер: +389 75 301 – 393;

e-mail: kkmladost97@yahoo.com

Share the Post: