Пелистер го одигра феноменално осминафиналето во М18 лигата и заслужено победи против МЗТ Скопје. Натпреварот беше напнат од почеток до крај, со МЗТ Скопје кој водеше со една разлика на полувреме. Сепак, Пелистер покажа вистинска борбеност и успеа да го сврти резултатот во своја корист, победувајќи со два поени разлика 84:82.
Сите играчи дадоа огромен придонес за оваа победа, под водство на тренерот Горјанче Стојановски. Огромна благодарност и до навивачите кои неуморно ги бодреа играчите и им дадоа дополнителна мотивација.
Пелистер и МЗТ Скопје ќе се сретнат повторно, овојпат на гостински терен, каде кош-разликата од двата натпревари ќе одлучи кој од тимовите ќе продолжи во четвртфиналето на М18 лигата. Пелистер веќе има предност од два поени од домашниот меч.
Во името на сите играчи, Давид Стојановски, Наум Марковски, Христијан Дракуловски, Ѓорѓи Гајтановски, Огнен Сливоски, Благојче Димитровски, Лео Созовски, Петар Тасевски, Алексеј Попов, Лука Тодоровски, Амер Хоџај, Дамјан Веловски, Војдан Војдовиќ, и Александар Атанасовски, искрено благодариме за поддршката.