Нашите најмлади кошаркари од клубот Младост учествуваа на МИНИ БАСКЕТ 2024 во Скопје, одржан во СРЦ Кале. Деца од 4 до 10 години се здружија во една прекрасна атмосфера каде што секој од нив имаше можност да ја покаже својата кошаркарска вештина и да учи за важноста на тимската работа. Организираниот настан од страна на Македонската кошаркарска федерација овозможи на децата не само да се натпреваруваат, туку и да создаваат нови пријателства.
Секое дете на крајот беше наградено со медал, како знак на признание за нивното учество и труд.